СОУ „Цар Самоил“ – Ресен

Ученици со посебни
образовни потреби

Индивидуализирани програми за ученици со посебни образовни потреби

  Инклузивното образование има за цел создавање системи кои се флексибилни и нудат доволно поддршка за да се задоволат потребите на разни ученици со различни способности и различно потекло во редовните училишта и училници.

  Во поширока смисла, инклузивноста претставува процес на зголемено учество и намалена исклученост, каде што учеството значи признавање, прифаќање и почит, и вклученост во процесот на учење и социјалните активности на начин кој на поединецот му овозможува да развие чувство на припадност во група. Инклузивното образование овозможува пристап со кој се задоволуваат потребите за учење на сите ученици во еден образовен систем. Неговите начела се базираат врз основните принципи на Конвенцијата на правата на детето (КПД).

  Програмата се темели на ставот дека инклузијата е за различноста и еднаквоста, за толеранцијата и демократијата, за правото на квалитетно образование за сите. Целта ни е во училиштето да овозможиме квалитетно  образование, кое на учениците (без разлика на личните способности, потеклото или социјално-економската состојба), ќе им даде еднакви можности за вработувањето, а со тоа  ќе ги поттикне на самостојност, личен развој и активен живот во сите области. Основната намена на Програмата е да понуди стратегии односно насоки за работа на наставниците со ученици со посебни образовни потреби (ПОП) кои се запишуваат во нашето училиште.