СОУ „Цар Самоил“ – Ресен

"Успешни практики во одгледувањето на органско овошје"

Во рамките на проектот Мобилност на ученици и вработени/кадар во стручно образование и обукаод програмата Eразмус + во партнерство со Р.Бугарија

Основни информации на проектот

  • Проектот опфаќа мобилност на ученици во рамките на средното стручно обрзование
  • Траење на проектот е од 01.08.2020 и завршува на 31.07.2022 година
  • Партнер на училиштето е бугарската компанија IVEM LIFE LTD  за стручна обука
  • Место на реализација на обуката беше Сандански Р.Бугарија – Југозападна Бугарија
  • Времетраење на мобилноста 14 денови
  • Учесници: 9 ученици од средното стручно образование – агротехничар и 1 наставник по стручни предмети
  • Обуката е планирана преку практична обука на учениците во земјоделскиот сектор во регионот со земјоделски традиции
  • Покрај стекнувањето на знаењето и вештините на учениците и наставниците имаа можност да се запознаат со: културата, традицијата, историјата и природните убавини на Сандански и околината
  • По завршетокот на обуката учениците се здобија со сертификат од партнер компанијата и EUROPASS сертификат од ЕУ.

Цели на обуката

  • Надградување на знаењата, практичните вештини и професионалните компетенции на учениците преку стекнување на нови вештини и искуства;
  • Проучување на успешни искуства во земјоделскиот бизнис;
  • Проучување на модерни практики во производство на органско овошје, како една од најперспективните системи на земјоделско производство;
  • Подобрување на нивото на клучните компетенции и вештини;
  • Подобрување на социјалните компетенции на учениците, нивната мотивација за учење, професионален развој и конкурентноста на пазарот на трудот;
  • Интегрирање на добри практики и методи за учење во СОУ „ Цар Самоил “ Ресен;
  • Приближување кон европските вредности за средното стручно образование;
  • Подобрување на капацитетот на училиштето преку зајакнување на меѓународно партнерство

Учесници во проектот

  • Шермина Амедоска
  • Акан Елмазовски
  • Леонард Јусејновски
  • Ајџан Елмазовски
  • Кирил Крстевски
  • Антонио Димитровски
  • Кристијан Машковски
  • Мартина Цфетко
  • Ајла Елмазовска
  • Наставник:
  • Елена Дамовска-Маркоска

Практична настава на учениците во Р.Бугарија

Одржување на површината во овошниот насад  засаден со: цреши, ореви, лешници и бадеми; 

Демонстрација на резидба

Наводнување

Наводнување со исхрана– фертиригација

Ѓубрење, заштита од болести и штетници, сузбивање на плевели на овошните насади

Процес на прераборка на јаболка

Запознавање на учениците со културата и традицијата

  • Посета на винарии
  • Посета на фабрика за преработка на јаболко Кричим фрукт-Кричим, Пловдив
  • Посета на Благоевград;
  • Посета на Банско
  • Слободни активности во Сандански

Доделување на сертификати

Резултати

  • Проектот имаше позитивно влијание врз сите учесници – ученици, наставник, придружни лица, училишта, организации на локално, регионално и национално ниво;
  • Проектот им помогна на учениците да научат да користат и применуваат успешни практики во органско производство;
  • Подигнување на угледот на училиштето во локалната заедница и негова афирмација како образовна организација „ отворено за светот“; 
  • Вмрежување на училиштето со други стручни училишта; 
  • Добра практика за одржливост на работата меѓу образовните институции во Европа