СОУ „Цар Самоил“ – Ресен

Еразмус+

На ден 28.06.2022 во малата сала на Општина Ресен од страна на наставниците од СОУ “Цар Самоил“ Ресен се одржа дисеминација на Еразмус+ проектот: Environmental Changes for Sustainable Schools. Дисеминацијата на стекнатите вештини и знаења ја вршеа наставниците – учесници во проектот Даниела Поповска Ангеловска, Розета Кољовчевска Карапалевска, Аланка Спировска, Даниела Стерјовска, Кате Биркова, Наумче Тосковски, Шенер Далиповски и Мирјана Христовска како проект координатор. На настанот прва зеде збор директорката Динче Кочевска која ги поздрави присутните и ги повика учесниците на максимално пренесување на новите вештини на останатите ученици во нашето училиште. На дисеминацијата преку Power Point презентација, видео и промотивен материјал ги пренесоа искуствата, новите знаења и вештини стекнати за време на мобилноста во Фиренца, Италија во периодот од 09.05.2022- 14.05.2022, во кој период учесниците реализираа разни работилници од оваа област, применувајки најсовремени техники и методи кои може да се користат во наставата.

Настанот имаше за цел да го потенцира значењето, улогата како и етичките принципи на еко-системот, пермаултурата, одржливоста, еколошкиот отпечаток, циркуларната економија.

Да се издигне свеста кај учениците и наставниците како да се елиминира отпадот и загадувањето; да циркулираат суровините и материјалите; да се регенерира природата – кои всушност се три основни принципи на циркуларната економија.

Да постои потреба да се направи нешто повеќе: да се премине од свест кон акција и од индивидуални потфати кон остварување позитивни промени во локалната заедница.

Исто така и малите активности засновани на пристапот од долу нагоре се важни, а интегрираноста во група придонесува поединецот да преземе такви активности. Позитивната комуникација, исто така, може да инспирира и да мотивира, а долгорочната перспектива покренува промени во однесувањето.

Галерија