СОУ „Цар Самоил“ – Ресен

Хоризонтално учење

  Професионалниот развој во училиштето оди преку хоризонтални учење (наставниците учат едни од други) и вклучува различни форми на организиран и планиран трансфер на знаење и размена на професионалните искуства во рамки на училиштето или помеѓу училиштата. Истражувањето т.е практиката покажува дека најдобри резултати, во однос на професионалниот развој се постигнува со примена на различни форми на хоризонтални учења.

  За спроведување на хоризонтално учење важна е тимската работа. Ова придонесува за подобра реализација на професионалниот развој на вработените во институцијата, под услов тие да се спроведуваат во согласност со начелата кои обезбедуваат меѓусебната компатибилност и продуктивноста. Тимска работа обезбедува можности да креираат и развиваат нови идеи, како и значително поголема ефикасност во споредба со поединецот.

  Активности кои ќе придонесат за поуспешно хоризонтално учење и размена на искуства се следниве:

  1. Собирање и разгледување на информации за можностите за професионален развој на национално ниво
  2. Совети / поддршка на наставниците по барање или врз основа на набљудувања во училиште
  3. Групи на интерес/ може да се формираат со користење на различни области во кои постои заеднички интерес
  4. Состаноци во училиштето, кои можат да бидат организирани како трибини, дебати, Семинари во училиште  односно имплементација на различни програми за обука во согласност со проценката на потребите и приоритетни прашања во однос на професионалниот развој на училишно ниво.
  5. Отворена (пилот и реномирана) настава може да се организира на ниво на субјектот и наставниците во училница, како и во рамките на професијата
  6. Акции- истражувања
  7. Менторство
  8. Поддршка на индивидуалното учење.