Хигиена во училиштето
Техничкиот персонал континуирано ќе се грижи за хигиената во училиштето. Дезинфекцијата редовно се извршува во текот на годината, а со оглед на ситуацијата со пандемијата како и минатата година ќе се обрне посебно внимание на сите Протоколи и насоки од МОН и Комисијата за здравство. Во текот на минатата година веќе се обезбедени сите материјално-технички средства како безконтактни апарати за мерење телесна температура, средства за дезинфекција, поставени ознаки за движење и промотивни материјали за одржување дистанца, миење на раце, носење маска во затворениот простор и др.
За одржување на хигиената и другите технички работи се грижат вработени во техничката служба прикажан во следнава табела:
Име и презиме | Образование | Работно место | ||
Стојковска Жаклина | Средно образование | Хигиеничар | ||
Горгиевска Љубица | Средно образование | Хигиеничар | ||
Радевски Илче | Основно образование | Хигиеничар | ||
Симоновска Виолетка | Основно образование | Хигиеничар | ||
Темелковски Благојче | Средно образование | Хигиеничар | ||
Крунтовски Гоце | КВ- работник | Хаус мајстор | ||
Рахела Транталовска | Средно образование | Одржувач на училишна економија |
Во училиштето се води грижа за хигиената, особено за тоалетите кои ги користат учениците. Истите секојдневно се дезинфицираат како и санитариите во нив. Хигиената е на високо ниво како во училниците така и во ходниците, по скалите и во сите други простории во училиштето. Прозорците, вратите и другиот инвентар генерално се чистат по два пати во секое полугодие. Училишниот двор и сите земјени и тревни површини редовно се одржуваат од страна на учениците од земјоделско ветеринарната струка со одговорните наставници и од учениците од сите паралелки кои имаат определен дел кои сами го чистат еднаш неделно.
Мора да се нагласи изразеното некултурно однесување на одредени ученици преку: фрлање на отпадоци низ училниците, ходниците како и во санитарните чворови и покрај присуството на корпи за отпадоци, шарањето по ѕидовите и појасите со мрсна боја, школскиот инвентар и дограма.
Тимот од биолози заедно со психологот на училиштето е задолжен за изработка на Програма за грижа за здравјето на учениците која опфаќа конкретни активности во текот на целата наставна година и задолжени наставници.
Континуирано ќе се вршат систематските прегледи и вакцинацијата на учениците и вработените согласно календарот кој е даден во прилог на Годишната програма .
Низ разни форми на презентации и едукативни предавања ќе се врши едукација за здравата исхрана и унапредување на здравјето на учениците како и зачувување на менталното и психичкото здравје кај адолесцентите, градење на здрави и прифатливи животни навики и остварување на личните потенцијали.
Доколку е потребно планираните активности ќе бидат надополнети со предавања кои не се предвидени во дадениот план во прилог.
Работилници, советодавни разговори и едукација ќе спроведува психологот на училиштето со индивидуални или групни средби со учениците со цел зачувување и унапредување на социоемоционалниот развој на учениците.