Позитивна социо-емоционална
клима
Грижата на училиштето за здрав и културен живот на учениците и другите учесници во наставно-воспитниот процес ќе продолжи во текот на целата учебна година.
Редовно ќе се вршат лекарски и санитарни прегледи како и вакцинирање на учениците.
Во време на пандемија посебно внимание се планира да се обрне на зачувување на менталното здравје на учениците, здрава социјална клима која ќе ги анулира негативните влијанија на интернет-техниката и социјалната изолација посебно во време на услови на пандемија. Активностите се дадени во Програмата за работа на психологот на училиштето, Програма за грижа за здравјето на учениците, Младинската организација на училиштето и програмите за работа по предметите од хуманистичка природа.
Посебно внимание ќе се посвети на естетскиот изглед и условите во внатрешните простории во училиштето : ходници, училници, и кабинтетски простор, училишниот двор кој оваа година се уредува од тим наставници и ученици со финансиски гранд од Проектот за мултиетничките активности. Одговорни носители на задачата се класните раководители во соработка со дежурните наставници, психологот, домаќинот со помошниот персонал.
Целта на здравствената и физичката култура е изградување на здрава личност (психички, физички и социјално) способна да се грижи за своето здравје и за здравјето на своето семејство, поблиската околина и заедница. За таа цел се вклучуваат и надворешни институции како Завод за јавно здравје, Црвен крст, невладини организации и сл.
Задачи на здравствената и физичката култура се:
- Да ја развива и формира свеста кај учениците за здравјето како основен извор на среќата кај човекот,
- Да го сознаваат штетното дејство на разните агенси врз здравјето и да се оспособуваат за активно учество во борбата за унапредување на здравјето,
- Да се формираат работни навики и позитивен систем на вредности како услов за зачувување на менталното здравје преку постојано афирмирање на работата,
- Да ја развива свеста на поврзаноста на интелектуалната и физичката работа и значењето на нивното содејство за зачувување на здравјето,
- Да се обезбедат оптимални услови во училиштето за развивање на здравствената и физичката култура и да се унапредува здравјето и психофизичкиот развој на учениците,
- Да се формираат позитивни здравствено-хигиенски навики кај учениците,
- Да се превземат мерки за подобра здравствена заштита кај учениците
- Да се сочува и зајакне менталното здравје со што младата личност ќе биде оспособена за соочување со предизвици.