СОУ „Цар Самоил“ – Ресен

Поддршка на учениците

  Учениците со помош и поддршка од наставниците учествуваат во различни манифестации, натпревар и постигнуваат високи резултати во различни области што се организираат на локално, национално или на меѓународно ниво. Се користат средства за афирмирање на воннаставните активности и на продуктите од нив. Тука се истакнува соработката на локалната средина како партнер во реализација и спроведување на воннаставните активности и афирмација на учениците и училиштето.

  Придобивките од воннаставните активности се афирмација на училиштето, афирмација на личноста на учениците,  проширување на знаењата, организација на слободното време на учениците, развивање на способностите и самодовербата на учениците и развивање на свест за постигнување и натпреварувачки дух.