СОУ „Цар Самоил“ – Ресен

Општествено хуманитарна
работа

  Општествено културна дејност се развива со цел да се поттикнат врвни достигнувања во сите сфери на воспитно-образовната дејност и во пригодни моменти истите да се презентираат во општествената средина, со кое ќе се придонесе за поцелосна афирмација на училиштето и развивање на општествениот живот и подигање на општата култура на средината. Општествено културна дејност ќе се реализира во рамките на Училиштето и институциите на Општината.

  Задачи на општествено-културната дејност се:

  • Училиштето да се афирмира како културен и просветен центар на општествената средина,
  • Да им се овозможи на учениците да ги запознаат јавните и културните инсититуции во општествената средина,
  • Воспитно-образовните резултати во училиштето да бидат достапни за средината,
  • Во текот на годината да бидат одбележани и со историски часови повеќе историски датуми.

  Општествено хуманитарните активности кои што ги поддржува Училиштето времето на реализација и задолжените наставници се дадени во прилог на  Програмата за општествено хуманитарната работа.