Истакнати личности
Истакнати личности - поранешни ученици на училиштето
Проф. Д-р Доне Гершановски, роден на 18 март 1949 г., с. Покрвеник, Ресенско. Основно образование завршил во с. Царев Двор во 1964, гимназија во Ресен во 1968 г. Во 1973 г. се здобил со високо образование: дипломиран инженер по физика, на Институтот за физика, Природно-математички факултет, Скопје. Постдипомски студии завршил во 1981 г. на Институтот за физика на ПМФ, со одбрана на магистерскиот труд:“Расејување на светлинатаод раствори наTobacco Moсaic Virus”. Во 1985 г. на Институтот за физика, ПМФ, Скопје, ја одбранил докторската дисертација под наслов:”Испитување на катјонски комплекси на ДНК со оптички и електрооптички методи”.
Во 1974 г. е избран за асистент на Институтот за физика при ПМФ, Скопје, во 1986 г. за доцент, во 1991 г. е избран за вонреден професор, а во 1996 г. за редовен професор на Институтот за физика. Во 2001 г. е преизбран во звањето редовен професор.
Избран е за декан на Природно-математичкиот факултет во мандатниот период 2009-2013.
Д-р Џоко Кунгуловски, редовен професор, роден е во Ресен на 15 септември 1958 г. Основното и средното образование го завршува во родното место. На Биолошкиот факултет во Скопје дипломирал во учебната 1980/81 г. Во 1983 г. запишал постдипломски студии на Природословно- математичкиот факултет во Загреб, група микробиологија.
Во 1986 г. ја одбранил магистерската работа под наслов: “Odabiranje mjesovitih kultura anaerobnih mikroorganizama za kontinuiranu fermentaciju govedjeg gnoja do metana”. За помлад асистент бил назначен во 1984 г., а во звањето асистент на Биолошкиот факултет во Скопје бил избран во 1987 г. Во 1990 г. успешно ја одбранил докторската дисертација под наслов: “Повеќекратно искористување на пресувана јаболкова пулпа во степенесто производство на етанол, биогас и сточен квасец со примена на одбрани микробни култури”.
Во 2006 е реизбран за редовен професор на ПМФ.
Проф. д-р Митко Котовчевски, роден е на 31.08.1956 година во Ресен.
Основното и средното образование го завршил во Ресен, со континуиран одличен успех. На Филозофскиот факултет во Скопје се запишал во учебната 1975/76 година на Наставно научна студиска група за општонародна одбрана и општествена самозаштита. Студиите ги завршил за помалку од четири години како првенец на генерацијата и како прв дипломиран студент по општонародна одбрана и општествена самозаштита во Македонија. Во учебната 1981/82 год. се запишал на постдипломски студии на Факултетот за одбрана во Белград, кои ги завршил во предвидениот рок и со одличен успех. Магистерскиот труд успешно го одбранил на Филозофскиот факултет во Скопје. Со академски степен доктор на науки се здобил со одбрана на докторската дисертација „Демографските карактеристики на ридско-планинските подрачја на Р. Македонија и нивното значење за водење на народна војна”, на Филозофскиот факултет во Скопје во 1991 година.
Во 1981 година се вработил како помлад асистент на Филозофскиот факултет во Скопје, каде работи и денес како редовен професор.
Проф. д-р Весна Борозан родена во Ресен, Република Македионија, на 24.04.1962 година, каде го завршува основното и средното образование. Димпломирала и магистрирала на Електротехничкиот факултет во Скопје, во 1986 година и 1992 година, респективно и докторирала во 1996 година на Електротехничкиот факултет во Белград.
Од 1987 година е вработена на Електротехничкиот факултет во Скопје во звање помлад асистент, каде е во непрекинат работен однос. Во последното наставно-научни звање, вонреден професор, е избрана во 2005 година.
Од мај 2006 година до јуни 2010 година, д-р Весна Борозан ја извршува функцијата вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Република Австрија, Чешката Република, Словачка Република и Јапонија.
Др.Пеце Недановски poден во Ресен 12,07,1963 год. Основно и средно образование завршил во родното место. На Економскиот факултет во Скопје дипломирал 1988 год.
Постдипломски студии од областа на Економскиот развој со методи на економска анализа ,ги завршил на Економскиот факултет во Скопје 1996 год.Во 1997 год. ги завршил и своите втори постдипломски студии од областа на применетата економија на Institute for Advanced studies во Виена.Својата докторска дисертација ја одбранил во Економскиот факултет во Скопје 2003 год.
По дипломирањето се вработува на Економскиот факултет во Скопје.Денес е професор на Економскиот факултет во Скопје.
Др.Наде Проева е родена во ресен 1949г.
Основно училиште и гимназија завршила во Ресен. Дипломирала на Филозовскиот факултет во Белград во април 1973 год., Магистрирала 1978 год. ,а докторирала 1992 год.
Од 1.3.1984 е вработена во Институтот на историја на Филозовскиот факултет,каде што предава Историја на Античките Македонци и историја на стариот век.
Др. Лабачевски К. Никола е роден 20,07,1959г. Ресен. Основно и средно образование завршува во Ресен, 1984г.
Дипломира на медицинскиот факултет во Скопје.1991г го одбрани магистерскиот труд со наслов „Влијание на индуктоори и инхибатори на микрозомалната ензимска активност врз диспозицијата на теофилин кај нормотензивни стаорци.“
2004-та година , тој ја одбрани докторската теза со наслов „Значењето на индукцијата на микрозомалната ензимска хепатална функција предизвикано со рифампицин и фенобарбитон кај нормотензивни стаорци.“
Вработен на универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ , Медицински факултет , институт за предклиничка и клиничка фармакологија со токсикологија,Скопје.