СОУ „Цар Самоил“ – Ресен

Гимназиско образование

  Наставата од I до IV година ќе се изведува според утврдените наставни планови и програми на гимназиското образование за областите : општествено-хуманистичко, природно-математичко подрачје и земјоделско-ветеринарна струка. Веќе две  години  се работи реализацијата на  нови наставни програми со профил фитомедицина и агротехника согласно насоките од МОН.

  Организацијата на наставата  опфаќа:

  • Задолжителна настава по наставни подрачја и предмети за учениците од I до IV година за општо и стручно образование;
  • Изборна настава за учениците од I до IV година во реформираното гимназиско образование;
  • Изборна настава за учениците од III и IV година во реформираното стручно образование  во контекст  на  полагањето  на  државната матура и завршниот испит;
  • Проектни активности за учениците од I до IV година во реформираното гимназиско образование и слободни часови за учениците од I, II, III, и IVгодина во реформираното стручно образование;
  • Практична настава по одделни предмети во земјоделско-ветеринарната струка;
  • Феријална пракса;
  • Професионална пракса;
  • Други видови на настава со разновидна дидактичка функција: дополнителна, додатна, подготвителна и консултативна.

  Почетокот на првото полугодие како и траењето на зимскиот распуст на учениците, почетокот на второто полугодие и летниот распуст ќе се одвиваат согласно Календарот за работа на средните училишта за учебната 2021/22 година.

  Трењето на наставниот час и бројот на наставни денови во текот на оваа учебна година ќе се изведува согласно одлуките на Владата на РСМакедонија во зависност од состојбата со пандемијата со Ковид 19.

  Според План за одржување на наставата во средните училишта во учебната 2021/22 година со одлука на МОН планот содржи три модели на настава:

  1. Настава со физичко присуство
  2. Настава со учење од далечина
  3. Комбинирање на физичко присуство и учење од далечина по групи

  Кој од наведените модели ќе биде препорачан од МОН зависи од епидемиолошката состојба во државата со придржување до Протоколите наменети за тој тип на настава.

  Задолжителната настава се обврзани да ја посетуваат сите ученици од I до IV година во гимназиското образование и земјоделско-ветеринарната струка и се одвива во две полугодија.

  Според тоа, оваа настава е оној утврден задолжителен и образовен стандард кој што треба да го постигнат сите ученици кои го завршуваат своето школување во ова училиште. Значењето и целта на задолжителната настава е учениците да се здобијат со основни знаења, вештини и способности, од наставните предмети што се содржани во наставниот план. Стекнатите знаења, вештини и способности да се во функција на применливи знаења во практичниот живот и при натамошното образование, воспитување на учениците за лично и општествено живеење, развивање на интересите, способностите и творештвото кај младите.

  Грижата за опремата во училниците и кабинетите е должност на секој наставник кој е задолжен со кабинетот, но и на учениците кои ги користат кабинетите (училниците) за време на часовите. Оштетувањето на инвентарот  и нагледните средства како и нивната злоупотреба е регулирана со правилник со кој учениците се запознаваат на почетокот на учебната година.

  По сите наставни предмети што ќе се изучуваат во гимназиите и стручните училишта ќе се продолжи со начинот на планирање на наставниот материјал од минатата година при што посебно внимание ќе се посвети на конкретизацијата на воспитните, образовните и функционалните задачи во рамките на одделни програмски содржини како и конкретизација на наставните единици со што посебен акцент ќе се стави на примената на наставните средства, и наставната технологија на  часовите. За унапредување на задолжителната настава, училиштето соработува со локалната средина и пошироко,соработува со културни, историски и спортски институции, друштва и клубови, со невладини организации, со стопански субјекти и родителите на учениците.