"Успешни практики во одгледувањето на органско овошје"



Во рамките на проектот “Мобилност на ученици и вработени/кадар во стручно образование и обука” од програмата Eразмус + во партнерство со Р.Бугарија
Основни информации на проектот
- Проектот опфаќа мобилност на ученици во рамките на средното стручно обрзование
- Траење на проектот е од 01.08.2020 и завршува на 31.07.2022 година
- Партнер на училиштето е бугарската компанија IVEM LIFE LTD за стручна обука
- Место на реализација на обуката беше Сандански Р.Бугарија – Југозападна Бугарија
- Времетраење на мобилноста 14 денови
- Учесници: 9 ученици од средното стручно образование – агротехничар и 1 наставник по стручни предмети
- Обуката е планирана преку практична обука на учениците во земјоделскиот сектор во регионот со земјоделски традиции
- Покрај стекнувањето на знаењето и вештините на учениците и наставниците имаа можност да се запознаат со: културата, традицијата, историјата и природните убавини на Сандански и околината
- По завршетокот на обуката учениците се здобија со сертификат од партнер компанијата и EUROPASS сертификат од ЕУ.
Цели на обуката
- Надградување на знаењата, практичните вештини и професионалните компетенции на учениците преку стекнување на нови вештини и искуства;
- Проучување на успешни искуства во земјоделскиот бизнис;
- Проучување на модерни практики во производство на органско овошје, како една од најперспективните системи на земјоделско производство;
- Подобрување на нивото на клучните компетенции и вештини;
- Подобрување на социјалните компетенции на учениците, нивната мотивација за учење, професионален развој и конкурентноста на пазарот на трудот;
- Интегрирање на добри практики и методи за учење во СОУ „ Цар Самоил “ Ресен;
- Приближување кон европските вредности за средното стручно образование;
- Подобрување на капацитетот на училиштето преку зајакнување на меѓународно партнерство
Учесници во проектот
- Шермина Амедоска
- Акан Елмазовски
- Леонард Јусејновски
- Ајџан Елмазовски
- Кирил Крстевски
- Антонио Димитровски
- Кристијан Машковски
- Мартина Цфетко
- Ајла Елмазовска
- Наставник:
- Елена Дамовска-Маркоска
Практична настава на учениците во Р.Бугарија
Одржување на површината во овошниот насад засаден со: цреши, ореви, лешници и бадеми;
Демонстрација на резидба
Наводнување
Наводнување со исхрана– фертиригација
Ѓубрење, заштита од болести и штетници, сузбивање на плевели на овошните насади
Процес на прераборка на јаболка
Запознавање на учениците со културата и традицијата
- Посета на винарии
- Посета на фабрика за преработка на јаболко Кричим фрукт-Кричим, Пловдив
- Посета на Благоевград;
- Посета на Банско
- Слободни активности во Сандански
Доделување на сертификати
Резултати
- Проектот имаше позитивно влијание врз сите учесници – ученици, наставник, придружни лица, училишта, организации на локално, регионално и национално ниво;
- Проектот им помогна на учениците да научат да користат и применуваат успешни практики во органско производство;
- Подигнување на угледот на училиштето во локалната заедница и негова афирмација како образовна организација „ отворено за светот“;
- Вмрежување на училиштето со други стручни училишта;
- Добра практика за одржливост на работата меѓу образовните институции во Европа