Работа со надарени и
талентирани ученици
Индивидуализирани програми за работа со надарени и талентирани ученици
Една од активностите на раководителите на паралелките и предметните наставници од прва до четврта година ќе биде скенирање на паралелката со цел детектирање на видот и степенот на надареност на учениците. Начинот на кој ќе се врши таа постапка се изведува согласно програма за работа со надарени и талентирани ученици.
За таа цел, секој наставник – раководител ќе добие листи со помош на кои го извршил скенирањето на паралелката. Со помош на психологот ги селектира и дава усна препорака на предметниот наставник или активот (доколку се работи за повеќе сродни предмети) со што препорачува индивидуализирана или групна работа со талентираниот ученик. Следењето на работата и детектирањето треба да биде завршено најдоцна до крајот на првиот класификационен период (до крајот на ноември).
Во рамки на програмата се дадени општи упатства за наставниците и насоки како да ги детектираат и кои се битни показатели на одреден тип на надареност.Секој наставник понатаму изготвува своја програма по соодветниот предмет која е основа за работа со талентираните ученици.
Исто така, со цел поттикнување на ученикот за надоградување и развивање на талентот, во текот на учебната година, за време на одредени прослави и други значајни настани предметниот наставник ќе се грижи за соодветна промоција како позитивна поткрепа на негувањето на талентот на ученикот.