СОУ „Цар Самоил“ – Ресен

Органи на управување

  Орган за управување во училиштето е училишниот одбор. Училишниот одбор во текот на годината посебно внимание ќе посвети на следните прашања:

  • ­Усвојување на годишната програма за работа;
  • ­Усвојување на извештајот за работа на училиштето во учебната 2020/21 година;
  • ­Организација на работата во училиштето;
  • ­Разгледување на кадровското прашање;
  • ­Разгледување План за одржување на наставата во среднотo училиштe 2021/22 година за повторно отварање на училиштата после пандемија
  • ­Разгледување на условите за работа и можности за нивно подобрување, со одлуки  за  набавки;
  • ­Разгледување на годишната сметка за финансиското работење на училиштето;
  • ­Разгледување на дејноста на училиштето во учебната 2021/2022 година;
  • Донесување одлука за формирање пописни комисии;
  • Донесување  одлуки  за  распишување  на  тендери.

  Стручни органи во училиштето:

  • ­Наставнички совет кој го сочинуваат наставниците и стручните соработници;
  • ­Совет на годината кој го сочинуваат наставниците кои изведуваат настава во една наставна година и стручните соработници;
  • ­Совет на паралелката кој го сочинуваат наставниците што предаваат во паралелката;
  • ­Раководители на паралелката;
  • ­Стручни активи на наставниците по одредени наставни предмети.

  Истите во текот на годината својата работа ќе ја реализираат така да со своите заклучоци и усвоени мерки ќе допринесуваат за подобрување на организацијата на работата во училиштето и за постигање на подобри резултати во сите делови од воспитно-образовниот процес.

   Работата на стручните органи во текот на годината ќе ја помагаат: директорот, училишниот психолог и библиотекар.

  Училишниот одбор во текот на годината може да претрпи измени поради тоа што некои од членовите имаат мандат кој истекува во текот на учебната година.

  Членовите на останатите стручни тела како што е Ученичката заедница ќе бидат дадени во прилог на програмата бидејки се избираат со демократско гласање од страна на учениците на почетокот на секоја учебна година.

Членови на училишен одбор (име и презиме)

  1. Начевска Наде
  2. Вања Пресилска
  3. Член од Л.С. недоставен
  4. Сашо Неделковски
  5. Гоце Георгиевски
  6. Томе Петковски
  7. Турџан Куртевски
  8. Билјана Настевска
  9. Кате Настевска
  10. Елена Дамовска
  11. Славица Стојановска
  12. Шенер Далиповски

Членови на ученичка заедница (број на ученици)

  • 26

Членови на еко-одбор (број)

  • 12

Членови на совет на родители (име и презиме)

  1. Оливера Парталоска
  2. Сашо Неделковски
  3. Сашо Мушаревски
  4. Дашмир Љумани
  5. Емел Али Кранли
  6. Тања Трајановска
  7. Наде Начевска
  8. Вања Пресилска
  9. Рабија Салиевска

Стручни активи (видови)

 Стручен актив за наставниците по:

  • Македонски јазик и литература
  • Странски јазици
  • Математика, информатика и физика
  • Хемија, биологија и географија
  • Општествената група на предмети
  • Музичка и ликовна уметност
  • Спорт и спортски активности
  • Стручно – земјоделски  предмети