СОУ „Цар Самоил“ – Ресен

Мултикултурализам

   Во нашето Училиште од 2008 година наставата се изведува на три јазици, македонски, албански и турски јазик. Во текот на годината активностите предвидени во акционите планови задолжително вклучуваат заеднички активности со цел запознавање и почитување на различностите. Одговорен тим за оваа компонента и изготвување на акционен план за реализација на мултикултурните активности во редовната и во воннаставните активности се: Директорот- Славица Божинова, психологот- Елизабета Волкановска и професори од различните националности и со координатор Благоја Кочовски.

   Веќе неколку  години  училиштето е вклучено во рамки на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованиетово соработка со МОН и БРО. Улогата на тимот е да раководи со активностите за меѓуетничка интеграција во текот на целата учебна година, кои би имале  за цел  подигнување на квалитетот на комуникацијата и меѓусебната доверба и соработка помегу сите структури во училиштето. Се одржа и успешна десеминација на сите наставници која придонесе да се реализираат голем број на активности  со мултиетнички и мултикултурен карактер кои станаа пример во Општината како се гради соживот  кои беа прикажан и на дел од медиумите и социјалните мрежи . Во текот на учебната 2020/21 година склучен е договор за соработка со партнер училиште од медицинската струка во Битола со кое ќе се реализираат дел од активностите со мултиетнички карактер.