Кабинети и училници
Во 1977 година гимназијата “Стив Наумов“ и средното земјоделско училиште “Јосиф Јосифовски – Свештарот “ се префрлуваат во нова зграда и почнуваат да функционираат заедно како УЦСО “Јосип Броз Тито“. Во периодот на 70 те и 80 те години, во училиштето наставата се изведува во седум кабинети, скромно опремени со нагледни средства и тоа: ликовна уметност, ОТП, биологија, хемија, физика, земјоделски предмети и ОНО. Од година во година, кабинетите се збогатувале со нови нагледни средства, како по обем, така и по содржина и квалитет. Застапените помагала ја олеснувале и збогатувале нагледноста во совладување на теоретските и практичните сознанија.


Кабинет по физика: во 70 те години располагал со една лупа, апарат за одредување на бранова должина, апарат за работа на водена пареа, осмозкоп, бароскоп, инфлуентна машина, два динамометри, хидрометар, основи на оптика, физичко нишало.
Кабинети по физика– едниот од двата кабинети по физика е опремен со доста нагледни средства и помагала од кои ќе ги истакнеме: индуктор, динамометар, збир огледала, збир-дифракција, центрифугална машина, дводелен спектроскоп, максвелово тркало, дифузна комора, трансформатори, комплети кондензатори, катоден осцилоскоп, инфлуентна машина, комплет за електроскоп, магнетно поле со струја, сврзни садови, флуоросцентен прибор, модел- Кирхофов закон, модел-парна машина и уште многу други нагледни средства, прибор, слики, шеми и сл. Кабинетите се опремени и со компјутери како и CD-а со наставен материјал донирани од проектот „Темпус“ за што поквалитетна и посовремена настава.
Кабинет по хемија: Периоден систем, збирка метали, минеролошка збирка, индустриски важни руди и ситен инвентар.
Во училиштето постојат два кабинети по хемија кои користат заеднички нагледни средства. Едниот е опремен со 8 умивалници, довод на вода и струја, соодветни полици за хемикалиите и лабораторискиот прибор кои служат за изведување на експерименти во текот на наставата, како и посебна просторија за чување на хемикалиите и лабораторискиот прибор. Изведувањето на експериментите, проектните задачи од областа на хемијата се одвиваат во текот на целата учебната година од причини што потребниот материјал,прибор и средства се обезбедени. И двата кабинети се опремени со компјутери кои придонесуваат за поквалитетна настава бидејќи се користат различни едукативни апликации, содржини и анимации од областа на хемијата.
Кабинет по математика: справи, геометриски тела.
Кабинети по математика– во училиштето има три кабинети по математика сите опремени со компјутери. Од нагледни средства располагаат со разни геометриски фигури, справи за цртање, печатач, графоскоп и други кои што им се на заедничко користење. Користењето на компјутерите во наставата преку различните едукативни апликации за математика придонесува истата да биде поинтересна и поквалитетна за учениците.
Кабинет по физичко: топки за кошарка, фудбал, ракомет, одбојка, табла за пинг-понг, разбој олимписки, подвижна греда, коњ олимписки, карики, душеци, терен за фуднал,кошарка и ракомет.
Кабинет по ОТП: опремен со разни алати потребни за предметот. Во училиштето, на професорите на располагање им биле и дијапроектор, магнетофон, микроскопи, циклограф, графоскоп, кинопроектор, видеоскоп и пијано.
Со текот на времето, некои од нагледните средства како застарени се заменувале со нови, посовремени, а особено со зголемен интензитет тоа е направено од 2005 година па наваму, кога голем дел од од новопристигнатите средства се добиени од донации, проекти во кое учествувало училиштето, како и од страна на Министерството за образование и Владата на Република Македонија. Посебно внимание на опременоста на кабинетите е посветено во учебната 2008/09 година кога наставата целосно се трансформира во кабинетска настава по сите предмети.
Денес, воспитно-образовниот процес се одвива со користење на компјутер за секој ученик и во секој кабинет, а од постојните дидактички услови и со постојните наставни средства добро се опремени кабинетите по: информатика, хемија, физика, биологија, историја, музичка уметност, географија, математика, англиски јазик, ликовна уметност,стручни земјоделски предмети.
За потребите на училиштето во последните години купена е следната опрема: ласерски принтер, НР Сканџет, оптички читачи, ДВД рекордер и други наставни средства и помагала. Донирана е опрема од проектот ГОПА и СЕА за потребите на земјоделската струка, од проектот „Модернизација на образованието“ донирани се бели магнетни табли, лаптоп, музички систем, печатач А3, спортски реквизити и нови наставни нагледни средства по различни предмети. Исто така од различни донации, учества во проекти училиштето добило разно аудио-визуелни апарати, дигитален апарат, камера и др.
Сите овие нагледни средства и помагала, придонесуваат денес кабинетите во нашето училиште да бидат современо опремени, во кои се изведува квалитетна настава.
Кабинети по македонски јазик и литература: два од кабинетите по македонски јазик и литература се опремени со компјутери.Стручниот актив располага и со печатач. Изборот на литература со која што е опремена библиотеката ги задоволува потребите на учениците за часот по македонски јазик и литература. Да напоменеме дека минатата година во библиотеката се зголеми фондот на литература потребна за изведување на наставата по новата наставна програма преку донации и проекти.
Кабинети по биологија : современо опремени со голем број на нагледни средства и помагала, слики, модели на органи, микроскопи, комплети за дисекција, колекција на ботанички препарати, на хистолошки препарати, препариран материјал, скелет, модел на тело на човек, комплети слајдови, дијафилмови, хемикали , лабораториски прибор и уште многу други средства и помагала. Кабинетите се опремени и со компјутери, кои придонесуваат часовите по биологија да бидат современи и квалитетни, интересни и едукативни.
Кабинет по историја: опремен e со современи аудио-визуелни нагледни средства- телевизор, DVD, видео, историски карти и атласи, компјутери за учениците кои придонесуваат за подобро и поквалитетно совладување на наставните содржини.
Кабинети по странски јазици: дел од нив се опремени со компјутери, а заеднички користат многу нагледни средства, странска литература, музички систем, печатач и сл.
Кабинет по информатика : современ, опремен со компјутери, печатач, скенер, Интернет , каде се учат и разменуваат знаења и креативности од облатите на информатиката и информатичката технологија.