СОУ „Цар Самоил“ – Ресен

Интерен Оглас - 2024/2025

СOУ „Цар Самоил“

ул. „Кочо Рацин“ бр. 48 Ресен

Тел:  047/ 451 060

е-маил: carsamoil_resen@yahoo.com

 

   Врз основа на член 42 од Законот за средно образование („Службен весник на РМ” бр. 44/95, 24/96, 34/96, 35/97, 82/99, 29/02, 40/03, 42/03, 67,04, 55/05 113/05, 35/06, 30/07, 49/07, 81/08, 92/08, 33/10, 116/10, 156/10, 18/11, 51/11, 6/12, 100/12, 24/13, 41/14, 116/14, 135/14, 10/15, 98/15, 145/15, 30/16, 127/16, 67/17 и 64/18) и („Службен весник на РСМ” бр. 229/20), Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта во учебната 2024/2025 година во Република Северна Македонија и Конкурсот за изменување и дополнување на Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта во учебната 2024/2025 година во Република Северна Македонија објавени од Министерството за образование и наука и член 45 од Статутот на Средното општинско училиште „Цар Самоил” Ресен, Училишната комисија за запишување на ученици објавува:

 

И Н Т Е Р Е Н    О Г Л А С

за запишување на ученици во прва година за учебната 2024/2025 година

 

   Во прва година во училиштето ќе се запишат 211 ученици во 7 паралелки (93 ученици во 3 паралелки со настава на македонски јазик, 59 ученици во 2 паралелки со настава на албански јазик и 59 ученици во 2 паралелки со настава на турски јазик) според наставни планови и програми за:

Гимназиско образование

 

136 ученици во 4 паралелки                                                                                                              60 минимум поени

 

–   Македонски наставен јазик                 68 ученици    2 паралелки     4 г. тр. 60 минимум поени

–   Албански наставен јазик                    34 ученици    1 паралелка      4 г. тр. 60 минимум поени

–   Турски наставен јазик                         34 ученици    1 паралелка      4 г. тр. 60 минимум поени

Земјоделско – ветеринарна струка

 

75 ученици во 3 паралелки

40/45 минимум поени

–   агротехничар/техничар за фитомедицина:

   –  Македонски наставен јазик   25 ученици  1 паралелка    4 г. тр.               40/45 минимум поени

 *(соработка со ДПТУ „ЈАБОЛЧЕЛО“ ДОО Скопје, подружница Ресен

 

–   агротехничар/техничар за фитомедицина:

   –  Албански наставен јазик      25 ученици 1 паралелка    4 г.тр.              40/45 минимум поени

                                       

*( соработка со ДТЗПУ „АГРОМОТО-ТРЕЈД“ увоз -извоз ДООЕЛ Ресен)

–   агротехничар/техничар за фитомедицина:

   –  Турски наставен јазик             25 ученици 1 паралелка   4 г. тр.              40/45 минимум поени

                                          

    *(соработка со ДПТУУ „РУМКО 91“ ДООЕЛ увоз – извоз Ресен

  1. УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ:

**********************************

  • Учениците да завршиле основно образование.
  • Да не се постари од 17 години.
  • Да се определиле за план и програма за гимназиско образование или стручно образование/земјоделско – ветеринарна струка.
  • Да ги исполнуваат критериумите утврдени со овој Оглас.
  1. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР:

****************************

  • Среден успех на ученикот од VI до IX  одделение.

По овој критериум ученикот може да добие најмногу 50 поени (општиот успех од шесто, седмо, осмо и деветто одделение се собира, се дели на четири и истиот број се множи со коефициент 10).

 

  • Среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (два наставни предмети задолжително за сите видови образование и два наставни предмети што се значајни за струката).

По овој критериум ученикот може да добие најмногу 20 поени (5 поени за секој предмет).

– за гимназиско образование –

  • Природно – математичко подрачје (комбинација А) мајчин јазик, странски јазик, математика и физика;
  • Природно – математичко подрачје (комбинација Б) мајчин јазик, странски јазик, математика и биологија;
  • Општествено – хуманистичко подрачје (комбинација А) и (комбинација Б) мајчин јазик, странски јазик, математика и историја и
  • Јазично уметничко подрачје (комбинација А) и (комбинација Б) мајчин јазик, странски јазик, математика и историја.

– за стручно образование/земјоделско – ветеринарна струка

  • (мајчин јазик, странски јазик, биологија, хемија).

(*мајчин јазик: македонски јазик, албански јазик и турски јазик).

 

  • Дипломи за освоени (I, II и III) места од меѓународни натпревари, како и државни натпревари (организирани од акредитирани здруженија од Министерството за образование и наука) по мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје:

– за гимназиско образование –

  • Природно – математичко подрачје (комбинација А) мајчин јазик, странски јазик, математика и физика;
  • Природно – математичко подрачје (комбинација Б) мајчин јазик, странски јазик, математика и биологија;
  • Општествено – хуманистичко подрачје (комбинација А) и (комбинација Б) мајчин јазик, странски јазик, математика и историја и
  • Јазично уметничко подрачје (комбинација А) и (комбинација Б) мајчин јазик, странски јазик, математика и историја.
  • за стручно образование/земјоделско – ветеринарна струка
  • (мајчин јазик, странски јазик, биологија, хемија).

(*мајчин јазик: македонски јазик, албански јазик и турски јазик).

 

По овој критериум ученикот може да добие:

  • за освоена прва награда или златен медал на меѓународен натпревар 5 поени, втора награда или сребрен медал 4 поени и трета награда или бронзен медал 3 поени
  • за освоено место од државни акредитирани натпревари: за I место – 3 поени, за II место – 2 поени и за III место – 1 поен).
  • Средна вредност од поени добиени за поведение од VI до IX  одделение.

По овој критериум ученикот може да добие најмногу 5 поени (примерно поведение се вреднува со 5 поени, добро поведение се вреднува со 3 поени и незадоволително поведение се вреднува со 0 поени. Средната вредност е збир од поените за поведението од шесто, седмо, осмо и деветто одделение поделен со 4).

 

  • Учениците од ромската етничка заедница можат да се запишат во училиштето ако имаат до 10% помалку поени од бројот на поените предвидени согласно Конкурсот за соодветните наставни планови и програми и ако ги задоволуваат дополнителните критериуми за испит на знаења и вештини во соодветното училиште.
  • За учениците кои завршиле IX одделение во Република Северна Македонија, а едно, две или три одделенија (VI, VII, или VIII) завршиле во странство, за тие одделенија се зема успехот од IX одделение и важат истите критериуми за избор на ученици дадени погоре.
  • Доколку во училиштето се пријават поголем број на ученици од предвидените во овој Оглас, а ги исполнуваат предвидените услови, се организира квалификациско тестирање по наставниот материјал од осмо и деветто одделение по следните наставни предмети и тоа:

– за гимназиско образование – мајчин јазик и математика;

– за земјоделско – ветеринарна струка – мајчин јазик и математика.

 

* Тестирањето се однесува на сите ученици кои имаат ист број поени и се под и над последниот реден број предвиден за прием во овој Оглас.

* Квалификациското тестирање ќе го реализира Комисија формирана од Министерот и истото за учениците ќе се реализира во училиштето, а врз основа на испитна програма и тестови изготвени од Бирото за развој на образованието.

 

  1. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ:

************************************************

По објавувањето на ранг листата, учениците кои се на листата ја доставуваат следната документација:

  • Пријава за запишување;

*(пријавата за запишување ја изготвува Министерството за образование и наука и ја објавува на официјалната веб страница);

  • Оригинални свидетелства од VI до IX одделение;
  • Дипломи (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје;
  • Извод од матична книга на родени (без оглед на датумот на издавањето);
  1. КОНКУРСКИ РОКОВИ

***********************

 

Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во јунски уписен рок со две пријавувања.

Пријавувањето на учениците ќе се врши преку електронско аплицирање, преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на Schools.mk. 

  • ЈУНСКИ УПИСЕН РОК – I (прво) електронско пријавување

Првото електронско пријавување на учениците во јунскиот уписен рок се врши од 20 јуни до 25 јуни 2024 година до 15:00 часот.

  • Доставувањето на потребната документација до училиштето е на:
  • 20, 21 и 24 јуни 2024 година од 07:00 часот до 17:00 часот
  • 25 јуни 2024 година од 07:00 часот до 15:00 часот.

– на 21 јуни, доставувањето и приемот на потребната документација во училиштата, не се реализира од страна на лица од православна вероисповед.

  • Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објави на 26 јуни 2024 година, најдоцна до 09:00 часот на огласната табла на училиштето и/или на http://www.csamoil.edu.mk.
  • Квалификациско тестирање (доколку се пријават поголем број на ученици, а ги исполнуваат предвидените услови од утврдениот број со овој оглас) ќе се организира во училиштето на 28 јуни 2024 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 28 јуни 2024 година на огласната табла на училиштето.

Минимумот поени за второто пријавување (за земјоделско – ветеринарна струка) ќе биде објавен на 28 јуни 2024 година.

  • ЈУНСКИ УПИСЕН РОК – II (второ) електронско пријавување

Второто електронско пријавување на учениците во јунскиот уписен рок ќе се врши на:

  • 01 јули 2024 година до 15:00 часот
  • 02 јули 2024 година до 15:00 часот.
  • Доставувањето на потребната документација до училиштето е на:
  • 01 јули 2024 година од 07:00 часот до 17:00 часот,
  • 02 јули 2024 година од 07:00 часот до 15:00 часот.
  • Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објави на 03 јули 2024 година, најдоцна до 09:00 часот на огласната табла на училиштето и/или на http://www.csamoil.edu.mk.
  • Квалификациско тестирање (доколку се пријават поголем број на ученици, а ги исполнуваат предвидените услови од утврдениот број со овој оглас) ќе се организира во училиштето на 05 јули 2024 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 05 јули 2024 година на огласната табла на училиштето.
  • Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштето доколку има слободни места после уписниот рок со две пријавувања.
  • Пријавувањето учениците ќе се врши електронски на 21 август 2024 година од 00:00 часот до 15:00 часот.
  • Доставувањето на потребната документација до училиштето е на 21 август 2024 година од 07:00 часот до 17:00 часот.
  • Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето ќе се објави на 22 август 2024 година, најдоцна до 12:00 часот.

*По објавување на конечната ранг листа со резултатите од запишувањето, учениците кои не се запишани во училиштето, задолжително ја подигнуваат целокупната доставена документација поднесена во училиштето во рок од 24 часа, а училиштето има обврска да ја врати целокупната документација на учениците во рок од 24 часа.

Ученици кои ја повториле годината должни се да се запишат во првиот уписен рок, а оние што ќе повторат на поправниот испит можат да се запишат на 21 август 2024 година, во спротивно го губат правото на упис во учебната 2024/2025 година.

 

Претседател на Комисија за запишување на ученици

 Динче Кочевска