СОУ „Цар Самоил“ – Ресен

Државна матура

   Средното  образование  согласно  Законот  за  средно  образование  се заокружува  со:  државна  матура  или  училишна матура, четиригодишното  стручно  образование  со  државна матура или со завршен испит.

  Учениците  кои  сакаат  да  го  продолжат  своето  образование  на  факултет  треба  да  полагаат  државна  матура,  додека  оние  ученици  кои  нема  да  продолжат  на  факултет  може  да  полагаат  училишна  матура  или  завршен  испит.

  Термините за полагање на матурските испити секоја учебна година се во согласност со Календарот за работа на училиштата за учебната година.

   Државната  матура  во гимназиското образование  се состои од:

   1.Екстерно полагање        

  • Задолжителен предмет –  мајчин јазик;
  • Прв изборен предмет – странски јазик или математика;
  • Втор изборен предмет – хемија, физика, биологија, историја, филозофија, социологија, географија

   2.Интерно полагање – еден изборен наставен  предмет; (од листа на наставни  предмети  за  полагање на државна матура  дадени во Концепцијата за полагање матурски испити)

   3.Проектна задача од еден наставен предмет или од една образовна област.

  Кандидатот, покрај  трите екстерни  наставни предмети и еден на интерно ниво  може да избере да полага и уште најмногу други два наставни предмети од листата на предмети за изборен дел. 

  Државната  матура  во средното стручно образование  се состои од:

   1.Екстерно полагање          

  • Задолжителен  предмет –  мајчин јазик;
  • Прв изборен екстерен предмет –  странски јазик или   математика;   
  • Втор изборен општообразовен екстерен предмет – избран предмет од понудена листа на предмети кои се понудени во втора година;                                                    

   2.Интерно полагање – еден  изборен  стручен  предмет  од  соодветна струка (од листа на предмети од Концепцијата за соодветната струка)

   3.Проектна задача – од еден наставен предмет или од една образовна област.

  Кандидатот, покрај  трите наставни предмети, може да избере да полага и уште најмногу други два наставни предмети на интерно ниво од листата на предмети за изборен дел.

  Проверувањето  на знаењата, умеењата и способностите на кандидатите и оценувањето по наставните  предмети од задолжителниот  и од изборниот дел се изведува екстерно а четвртиот изборен предмет и проектната задача ќе се врши интерно.

 Училишна  матура во гимназиското образование се состои од:    

   1.Задолжителен дел – еден  наставен  предмет ( мајчин јазик)

   2.Изборен дел – еден наставен предмет (од листа на предмети за гимназиско образование дадени во Концепцијата)

   3.Проектна задача од еден наставен предмет или од една образовна област.

 Завршен  испит  во  четиригодишното  средно  стручно  образование:

   1.Задолжителен дел – еден  наставен  предмет;( мајчин јазик)

   2.Изборен дел – еден наставен предмет; (од листа на стручни предмети карактеристични за  образовниот  профил)

  3.Проектна задача има за цел да ја провери теоретската и практичната оспособеност на ученикот за вршење на работи од областа на образовниот профил.

  Проверувањето  на знаењата, умеењата и способностите на кандидатите и оценувањето по наставните  предмети од задолжителниот  и од изборниот дел се изведува интерно.

  *Доколку се донесе нова Концепција за полагање на Државната матура во гимназиското и средното стручно образование полагањето ќе биде прилагодено согласно истата.

  Дополнителни информации за концептот на Државна матура можете да прочитате на следните линкови: