Дисциплина
Во поглед на одржување на редот и дисциплината во Училиштето постојат Кодекс на однесување на учениците и наставинците и Куќен ред на училиштето со кој учениците се запознаваат на почеток од наставната година. (прилог Куќен ред и Кодекс на однесување) . Дополнително заради пандемијата и реализацијата на онлајн настава наставниците и учениците имаат обврска да се придржуваат до Кодекс за однесување за време на онлајн наставата.
За одржување на редот и дисциплината во училиштето континуирано се грижат сите наставници, а секојдневно се определени одговорни – дежурни наставници на секој кат–кои ги контролираат ходниците, а еден од дежурните наставници води и писмена евиденција за тековните збиднувања. За оваа учебна година распоредот за дежурства по ходници ќе биде истакнат на огласна табла со почетокот на наставната година после изработката на распоредот за настава . Со тоа секој наставник ќе добие задолжение и ќе биде вклучен во одржувањето на дисциплината и редот во училиштето.
За редот и дисциплината после завршувањето на наставата се грижи чуварска служба.
Име и презиме | Образование | Работно место |
Милошевски Илија | Средно образование | Чувар |
Сековски Ристе | Средно образование | Чувар |
За отварањето на зградата се грижи хигиеничарот кој е од прва смена. Првата смена во Училиштето започнува од 6 часот, од затворањето на зградата после 16 часот се грижи хигиеничарот кој е во втора смена.