СОУ „Цар Самоил“ – Ресен

Грижа за здравјето

  Грижата за здравјето на децата е приоритет не само заради самото здравје, туку и од гледна точка на самиот образовен систем – за да можат децата да учат треба да се здрави. Тргнувјќи од оваа констатација, заштитата и унапредувањето на здравјето на учениците е обврска на сите во училиштето, во непосредна соработка со родителите, здравствената служба и пошироката заедница. Со оглед на комплексноста и екстензивноста на категоријата здравје, глобално содржините во рамките на училишната здравствена политика во програмата се групирани во три подрачја:

  • Унапредување на здравјето во физичка смисла;
  • Унапредување на менталното здравје;
  • Социјално здравје.

  Училиштето има тим од наставници кои посетиле обука за Прва помош и се обучени да дејствуваат во ситуациите кога е потребно.

  Тимот, но и сите наставници и вработени во училиштето се запознати со Процедурата на реагирање на немил  настан која е прифатена од Наставничкиот Совет а одобрена од Училишен одбор и содржи :

  1. При ситуација-настан во кој ќе се забележи потреба од интервенција дежурниот наставник во ходникот (за време на одмор) или предметниот наставник (за време на час) е должен за го извести доколку е можно и да ги повика најмалку еден од членовите на тимот за пружање прва помош.
  2. При ситуација – настан во кој ќе се забележи прекршување на куќниот ред и кодексот на однесување на учениците се повикува психологот на училиштето со цел разрешување на конфликтната ситуација, доколку настанот се случува во Училишниот двор дојавата треба да биде проследена од дежурниот наставник во ходникот и хигиеничарот кој е на смена, до стручната служба и Директорот.
  3. Реагирање при забележани симптоми на КОВИД согласно протоколите од МОН доколку наставата се реализира со физичко присуство и психолошка поддршка за учениците и нивните семејства заболени од КОВИД.

  Доколку се утврди за потребно психологот  го информира Секретарот кој известува до соодветна институција (Брза Помош, Центар за социјална работа, Полиција и сл).