СОУ „Цар Самоил“ – Ресен

Настава

Задолжителна настава
Наставата од I до IV година ќе се изведува според утврдените наставни планови и програми на гимназиското образование за областите : општествено-хуманистичко, природно-математичко подрачје и земјоделско-ветеринарна струка. Веќе две години се работи реализацијата на нови наставни програми со профил фитомедицина и агротехника согласно насоките од МОН.

Почетокот на првото полугодие како и траењето на зимскиот распуст на учениците, почетокот на второто полугодие и летниот распуст ќе се одвиваат согласно Календарот за работа на средните училишта за учебната 2021/22 година. Трењето на наставниот час и бројот на наставни денови во текот на оваа учебна година ќе се изведува согласно одлуките на Владата на РСМакедонија во зависност од состојбата со пандемијата со Ковид 19. Според План за одржување на наставата во средните училишта во учебната 2021/22 година со одлука на МОН планот содржи три модели на настава:
1. Настава со физичко присуство
2. Настава со учење од далечина
3. Комбинирање на физичко присуство и учење од далечина по групи.
Кој од наведените модели ќе биде препорачан од МОН зависи од епидемиолошката состојба во државата со придржување до Протоколите наменети за тој тип на настава. Задолжителната настава се обврзани да ја посетуваат сите ученици од I до IV година во гимназиското образование и земјоделско-ветеринарната струка и се одвива во две полугодија.
Според тоа, оваа настава е оној утврден задолжителен и образовен стандард кој што треба да го постигнат сите ученици кои го завршуваат своето школување во ова училиште. Значењето и целта на задолжителната настава е учениците да се здобијат со основни знаења, вештини и способности, од наставните предмети што се содржани во наставниот план. Стекнатите знаења, вештини и способности да се во функција на применливи знаења во практичниот живот и при натамошното образование, воспитување на учениците за лично и општествено живеење, развивање на интересите, способностите и творештвото кај младите. Грижата за опремата во училниците и кабинетите е должност на секој наставник кој е задолжен со кабинетот, но и на учениците кои ги користат кабинетите (училниците) за време на часовите. Оштетувањето на инвентарот и нагледните средства како и нивната злоупотреба е регулирана со правилник со кој учениците се запознаваат на почетокот на учебната година. По сите наставни предмети што ќе се изучуваат во гимназиите и стручните училишта ќе се продолжи со начинот на планирање на наставниот материјал од минатата година при што посебно внимание ќе се посвети на конкретизацијата на воспитните, образовните и функционалните задачи во рамките на одделни програмски содржини како и конкретизација на наставните единици со што посебен акцент ќе се стави на примената на наставните средства, и наставната технологија на часовите. За унапредување на задолжителната настава, училиштето соработува со локалната средина и пошироко,соработува со културни, историски и спортски институции, друштва и клубови, со невладини организации, со стопански субјекти и родителите на учениците.
Дополнителна настава
Дополнителната настава се организира за ученици од I до IV година кои што имаат потешкотии во учењето и прилично заостануваат по поедини наставни содржини и предмети од задолжителната настава. Значењето и целта на застапеноста на оваа настава е во насока на обезбедување квантум на знаење и умеење кои ќе овозможат да напредуваат и оние ученици кои имаат потешкотии во совладувањето на некои наставни содржини и предмети од задолжителна настава. Согласно законските одредби секој наставник организира часови и задолжително реализира согласно претходно изготвен распоред. Законски утврдениот минимум на часови како и редовноста и отсуствата на учениците од додатната настава секој ги води во пишана форма. Учениците кои што ќе ја посетуваат оваа настава, распоредот како и содржините и подрачјата што ќе бидат опфатени ги одредува предметниот наставник од задолжителна настава. Реализацијата на оваа настава е после часовите од задолжителна настава, а содржината на дополнителната настава се определува според видот на заостанувањето на знаењата на учениците. Вклучувањето и исклучувањето во дополнителната настава е поврзано со темпото на напредувањето и индивидуалните способности на поедини ученици во оваа и во задолжителната настава. Овој вид настава ќе трае во текот на целата учебна година и определени денови пред полагање на поправните испити во месец мај, јуни и август.
Обврски на непосредните носители на задачите се:
- идентификација на учениците
- планирање, организација и реализација на наставата
Ефектите што ги очекува училиштето се во насока на стекнување на основен квантум на знаење што ке му овозможи на учениците вклучување во понатамошното школување и во животот.
Додатна настава
Додатна настава се организира за учениците што имаат посебни способности и интереси за определени научни и наставни содржини . Основна цел е да се обезбеди систематска работа со надарените и талентираните ученици според индивидуалните интереси. Значењето и целта на застапеноста на оваа настава е во насока на развивање на интелектуалните способности за стекнување продлабочени знаења од оние што ги стекнале по одредени предмети во текот на задолжителната настава. Учениците, како и содржините и подрачјата што ќе бидат опфатени ги одредува предметниот наставник, а ја верифицира активот на наставници од соодветниот предмет. Ефектите што ги очекува училиштето се во насока на продлабочување на знаењата кај учениците, развивање на нивните интелектуални способности, учество на сите локални, регионални и републички натпревари. Сите наставници ќе работаат интензивно според изготвените програми за додатна настава и ќе ги ангажираат своите ученици на натпревари по соодветните предмети.
Консултативна настава
Консултативната настава се изведува за укажување на помош на ученици пред поправни испити, вонредните, испити на година и пред полагање на државната матура, училишната и завршните испити. Ваква консултативна настава освен за редовните ученици ќе се изведува и за вонредните ученици кои во процесот на самообразование не се во состојба или пак тешко можат да го совладат наставното градиво. Ваква настава ќе се одржува секогаш кога за тоа ќе се укаже потреба од страна на учениците а согласно термините за консултации кои ги објавува наставникот секоја година на огласна табла.
Изборна настава
Постапката за избор на подрачјата и предметите за трета година се спроведува на упис на учениците во прва година .Анкетните листови се чуваат во архивата на училиштето. Реформираното гимназиско образование е збогатено со изборни предмети, со цел усвојување на знаења на повисоко ниво кои водат кон определени студии. Во училишниот центар, учениците имаат можност да се определат за изборни предмети во следните подрачја:
1. општествено-хуманистичко подрачје:
- комбинација А
- комбинација Б
2. Јазично – уметничко подрачје:
- комбинација А
- комбинација Б
3. природно-математичко подрачје:
- комбинација А
- комбинација Б

Од трите подрачја на учениците им беа понудени соодветните изборни предмети. За учениците од втора година гимназиско образование им се понудени следниве три изборни предмети:
1. информатичка технологија
2. елементарна алгебра и геометрија
3. говорење и пишување

Наставните планови и профилот за земјоделско – ветеринарната струка веќе трета година уписот во прва година се изврши согласно Конкурсот на МОН во два нови профили и тоа:
- агротехничар
- техничар за фитомедицина

Наставата според овие профили започна во учебната 2019/20 година и ке се реализира во II и III година. Во четврта година наставата за земјоделско ветеринарната струка ќе продолжи да се реализира по програмата за профилот техничар за фармерско производство. Во прва година за прв пат наставата ќе се реализира во дуална паралелка со поголем дел часови за практична настава во партнер компанија а по програма за агротехничар.

Според изборот на учениците при упис и 2021/22 година наставата ќе се реализира во следните подрачја со изборни предмети за гимназиско образование:
• За учениците кои избрале општествено-хуманистичко подрачје комбинација А изборните предмети кои ги следат по години се следниве :
-Трета година: социологија, вовед во право и латински јазик
-Четврта година: историја, економија, логика и менаџмент

• За учениците кои избрале природно-математичкото подрачје- комбинација А изборните предмети кои ги следат по години се следниве :
-Трета година: либерална алгебра и аналитичка геометрија, програмски јазици и алгебра
-Четврта година: математичка анализа, физика и програмски јазици

• За учениците кои избрале природно-математичкото подрачје Комбинација Б изборните предмети кои ги следат по години се следниве:
-Трета година: програмски јазици, географија и латински јазик
-Четврта година: биологија, хемија и физика.
Практична настава
Практичната настава како посебен предмет или како практични вежби во одделно стручни теоретски предмети се реализира паралелно со стручно-теоретска настава и има функција на оспособување на учениците за извршување на определени работи и работни задачи.