Стекнати искуства
Веќе научено
"Lessons learned" - Веќе научено / Стекнати искуства
Во Средното Општинското Училиште „Цар Самоил“-Ресен воспитно-образовната работа се изведува на македонски јазик и на кирилично писмо, нa турски и албански наставен јазик.
Програмата за работа на училиштето во учебната 2021/22 година е изготвена на основа критичката анализа на состојбата на проблемите во остварувањето на воспитно-образовната работа во минатата учебна година, програмските обврски, содржините во наставните планови и програми за струките по кои се школуваат учениците во училиштето и програмата за развој на училиштето.
Покрај тоа при составувањето на програмата се имаа предвид предлозите, мислењата и заклучоците што се усвојувани од страна на стручните и управните органи, во врска со воспитно-образовната работа која се остваруваше во минатата година.Секако оваа учебна година се земаат во предвид сите насоки и протоколи дадени од МОН за реализација на наставата во време на КОВИД пандемија.
Врз основа на заклучоците од стручните и управните органи и врз основа на личното следење на работата на училиштето од страна на директорот, психологот, врз основа на индивидуалните контакти со учениците и родителите, како и врз основа на постигнатите резултати во сите делови на воспитно-образовниот процес можат да се изведат одредени заклучоци, констатации и да се утврдат одредени мерки со чие исполнување во наредниот период ќе се подобри работата, а со тоа и успехот постигнат во истата:
- Воспитно образовната дејност, а со тоа и сите останати работи поврзани со нејзиното реализирање, во учебната 2020/2021 година се одвиваше според Годишната програма за работа на училиштето.
- Се постигна успешна реализација во наставата за тоа придонесе тимската работа на активите и раководниот кадар, информирањето на наставниците и учениците и континуираната соработка со МОН заради спецификите на наставата која се реализираше на далечина (онлајн настава).
- Постигнатиот среден успех на учениците, во совладувањето на редовнатa настава, на крајот од учебната година, на ниво на училиште се оценува како пореален од минатата година.
- Редовноста на учениците во следењето на воспитно- образовниот процес во оваа учебна година се оценува како задоволителна. Оваа учебна година поради состојбата со пандемијата и реализацијата на наставата која зависеше од повеќе фактори меѓу кои и техничката, опремата и интернет врските сепак редовноста на учениците беше задоволителн
- Во текот на годината не се организирани повеќе воннаставни активности и манифестации кои беа планирани поради состојбата со пандемијата и реализацијата на наставата онлајн која дава голем број ограничувања и покрај заложбите на наставниот кадар.
- И покрај состојбата со пандемијата сепак учеството на ученици во активност на поедини секции и учеството на натпревари по повеќе предмети беше застапено и се постигнаа завидни резултати.
- Оценувањето на учениците во текот на годината се вршеше континуирано и со примена на разни форми на следење и вреднување на знаењата, но на неговото објективизирање мора да се работи и понатаму. Оваа година се примени и Правилник за оценување при онлајн настава даден од МОН
- Спроведувањето на Државната матура за завршните години во учебната 2020/21 година беше реализирано со одлука на МОН и Владата на РСМакедонија поради пандемијата од вирусот Ковид 19 по посебна концепција и со реализација по Протокол со физичко присуство на учениците.
- Соработката на училиштето со родителите во текот на годината во целина може да се оцени како мошне солидна. Сепак на индивидуалната соработка, посебно со родителите на учениците со послаб успех или на оние кај кои се пројавуваа одредени негативности мора да и се посветува поголемо влијание. Успешно се спроведуваше мерка на Советување на родители во психолошката служба преку онлајн средби или телефонски, наменето за родители на ученици со слаби оценки, над 10 неоправдани и над 100 оправдани изостаноци. Согласно измените на Законот за средно образование се реализираа и индивидуални и групни советувања на ученици според истите критериуми како и за родителите. Во текот на оваа учебна година се одржуваа континуирано контакти со учениците заболени од КОВИД19 и нивните семејства со цел советодавни разговори и континуирана поддршка во време на пандемија.
- Стручните активи во текот на годината дадоа посебен придонес во работата, посебно во подобрувањето на квалитетот на воспитно-образовниот процес, но треба да се настојува во наредниот период треба да се интензивира поконкретна и посодржајна активност.
- Водењето на педагошката евиденција и документација во текот на годината беше редовно и согласно позитивните законски прописи и распоредот за присуство на наставниците на работните места со оглед на тоа што наставата ја раеализираа од дома.
- Изведувањето на практичната и професионалната пракса со учениците од земјоделско – ветеринарната струка овозможи училиштето да се стекне со сопствени приходи кои имаат посебен придонес во подобрувањето на условите на училиштето и квалитетот на работата како и стекнување на учениците своите теоретски знаења да ги поврзат со практична настава. Феријалната пракса согласно насоките од МОН за учебната 2019/20 се реализираше на почетокот на оваа учебна година согласно препораки и со придржување до протоколите за Феријална практика.
- Најголем дел од класните раководители во текот на годината редовно ги реализираа своите обврски. Сепак останува обврската дел од нив во наредниот период да ја зајакнат индивидуалната работа со учениците кај кои се забележуваат одредени негативности и соработката со нивните родители.
- Психолошката служба функционираше успешно и во рамки на својата програма за работа ги реализираше поставените цели преку соработка со родителите, учениците и наставниот кадар според нов Протокол за работа во време на пандемија кој се базираше на одржување на менталното здравје за време на пандемија
- Директорот на училиштето во текот на годината ја реализира зацртаната програма и со сите субјекти во училиштето развиваше успешна соработка со што даде придонес во реализирањето на воспитно-образовен процес.
- Административниот и техничкиот персонал во текот на оваа учебна година ги задоволуваше потребите од хигиена во училиштето. Дезинфекцијата продолжи редовно да се извршува во текот на годината и изведена повеќе пати дезинфекција, дезинсекција и дератизација на училиштето вонредно поради пандемијата. За хигиената во училиштето се грижеа 5 хигиеничари.
- Училиштето сите активности ги изведуваше во согласност со упатствата и препораките од БРО, МОН, ДПИ, ДИЦ, општина Ресен, како и одлуките на Владата за понатамошна успешна реализација на наставните програми.
Наставата се организираше и реализираше преку далечинско учење односно учење од дома со примена на средствата за електронска комуникација во почетокот со присуство на наставниците во своите кабинети,а од октомври со потпишана согласност наставниците реализираа настава од дома.
– Во текот на учебната 2020/21г. училиштето беше опремено со голем дел материјално технички средства за унапредување на наставата и тоа:
- Од проектот од МОН и Светска банка за „Проект за развој на вештини и иновации“во насока на имплементација на ГРАНТ за соработка на училиштата со бизнис заедницата донирани се 1 лаптоп комјутер DELL INSPIRION за потребите на кабинетот по информатика.
- Од истиот проект се набавени и а компјутер за Директорската канцеларија
- 3 скенери со печатач- еден за активот за земјоделски предмети, еден за во кабинет по информатика и еден за секретарот на училиштето
- Од проект реализиран преку активот за Ликовна уметност во соработка со Црвен крст донирани се 5 безконтактни диспанзери
- Набавени се 5 безконтакти термометри и 17 контактни диспанзери за течен сапун и дезинфекциони средства
- Набавена е поголема количина дезинфекциони средства за безбедно функционирање на училиштето согласно протоколите
- Набавени се 35 камери со микрофон за потребите на наставниците за реализација на онлајн наставата
- Поставена е дополнителна линија за интернет конекција од локален оператор и дополнителна линија од Телеком
- Набавен е Свич за пренос на интернет заради дефект на стариот
- Набавени се 30 енергетски ефикасни ЛЕД панели за централните ходници и свечената сала
- Набавени се 3 ПП апарати со CO2 и 5S6 апарати
- Уреден е скалишниот простор на влезот на училиштето со набавени плочки
- Набавени се 7 канцелариски столици за директорската канцеларија.
- Набавен е еден печатар за потребите на УО.
- Реконструирани и обложени со плочки влезните скали на училиштето со што се зголеми безбедноста на движењето.