"Различноста не е погрешна"
СОУ ,,Цар Самоил” – Ресен беше домаќин на гостите од Средното училиште ,,Милоје Васиќ” од Велико Градиште, Србија. Нашите ученици срдечно ги пречекаа и дружбата веднаш започна
Ден 1 - Запознавање
Ден 2 - Интеркултурализам
- Запознавање со училиштето.
- Работилница за интеркултуралност.
- Посета на културни симболи на градот.
- Интеркултурна вечер со претставување на најзначајните културни места во Преспа, традиционална храна, носија.
- Гостите беа почестени со присуството на Градоначалникот на Општина Ресен, Јован Тозиевски, Директорката на СОУ “Цар Самоил” Динче Кочевска, КУД “Таше Милошевски” и “Рурални жени” од Преспа.
Ден 3 - Работилница за предрасуди и стереотипи
Ден 4 - Музичка работилница 1 и квиз
Ден 5 - Посета на градот Битола и спортски активности
Ден 6 - Музичка работилница 2 и посета на овошен насад
Посета на овошниот насад на земјоделската струка на СОУ Цар Самоил Ресен под менторство на професорот по земјоделски предмети Васко Јовановски
И на крајот од денот, забава со бендовите од нашето училиште.
Ден 7 - Разделба и испраќање
Продолжуваме за три недели како гости во Велико Градиште.