СОУ „Цар Самоил“ – Ресен

Проекти

"Различноста не е погрешна"

СОУ ,,Цар Самоил” – Ресен беше домаќин на гостите од Средното училиште ,,Милоје Васиќ” од Велико Градиште, Србија.
Нашите ученици срдечно ги пречекаа и дружбата веднаш започна

Ден 1 - Запознавање

Ден 2 - Интеркултурализам

  • Запознавање со училиштето.
  • Работилница за интеркултуралност.
  • Посета на културни симболи на градот.
  • Интеркултурна вечер со претставување на најзначајните културни места во Преспа, традиционална храна, носија.
  • Гостите беа почестени со присуството на Градоначалникот на Општина Ресен, Јован Тозиевски, Директорката на СОУ “Цар Самоил” Динче Кочевска, КУД “Таше Милошевски” и “Рурални жени” од Преспа.

Ден 3 - Работилница за предрасуди и стереотипи

Ден 4 - Музичка работилница 1 и квиз

Ден 5 - Посета на градот Битола и спортски активности

Ден 6 - Музичка работилница 2 и посета на овошен насад

Посета на овошниот насад на земјоделската струка на СОУ Цар Самоил Ресен под менторство на професорот по земјоделски предмети Васко Јовановски
И на крајот од денот, забава со бендовите од нашето училиште.

Ден 7 - Разделба и испраќање

Продолжуваме за три недели како гости во Велико Градиште.

Проектот е подржан од RYCO во рамките на проектот Superschools