Практична настава
Практична настава ќе се изведува со учениците од II, III и IV година од земјоделско-ветеринарна струка. Практична настава скоро во целост се изведува во наши кабинети и сопствена земјоделска површина и механизација. Носители на активностите се предметните наставници по соодветните предмети.
Практичната настава и дел од часовите за вежби во паралелките од прва година ќе се реализира кај партнер компанијата АГРОМОТО ТРЕЈД – Ресен. Реализацијата на истата ќе се одвива согласно програмите за работа за што наставниците и координаторите за соработка со компанијата посетуваа обуки и добиваат насоки од БРО.
Програма за изведување на феријална пракса за земјоделската струка во учебната 2021/2022 година
1. Берба | Училишна економија | Јули – Август | 1. Берба | Училишна економија |
2. Посета на фабрика за производство на сокови | „Вита Рес” – Ресен | Јуни | 2. Посета на фабрика за производство на сокови | „Вита Рес” – Ресен |
3. Посета на земјоделски аптеки и запознавање со палетата на пестициди | Земјоделски аптеки – Ресен | Јули | 3. Посета на земјодел ски аптеки и запознавање со палетата на пестициди | Земјоделски аптеки – Ресен |
4. Наводнување и површинска обработка во овошниот насад | Училишна економија | Јули | 4. Наводнување и површинска обработка во овошниот насад | Училишна економија |
5. Берба на овошни култури | Училишна економија | Јули-Август | 5. Берба на овошните култури | Училишна економија |
6. Посети на организации со цел учениците теоретските знаења да ги поврзат со практичната примена и зголемување на самодовербата како и со здобивање на работно искуство и работни вештини | Август | 6. Посети на организации со цел учениците теоретските знаења да ги поврзат со практичната примена и зголемување на самодовербата како и со здобивање на работно искуство и работни вештини | ||
7. Одржување на овошниот насад | Училишна економија | Јуни -Август | 7.Одржување на овошниот насад | Училишна економија |
Програма за реализирање на професионална пракса за земјоделската струка во учебната 2021/2022 година
1. Берба на јаболка | Училишна економија | Септември/Октомври |
2. Посета на живинарска фарма | АД „Агроплод” | Ноември |
3. Берба на овошни култури | Училишна економија | Октомври |
4. Прихранување на овошните култури | Училишна економија | Декември |
5. Хемиска зимска заштита во јаболковиот насад | Училишна економија | Јануари |
6. Резидба на овошниот насад | Училишна економија | Февруари |
7. Пролетна обработка и резидба на овошни насади | Училишна економија | Март |
8. Одржување на овошниот насад | Училишна економија | Април |
9. Посета на саем за земјоделие | Скопје, Нови Сад, Пловдив – Бугарија | Мај |
10. Одржување на овошниот насад ,берба на цреши и наводнување и овошниот насад | Училишна економија | Јуни – Август |