Педагошко-Психолошка
служба
Заради систематското и постојано следење, анализирање и вреднување на воспитно – образовната работа што ќе се остварува во текот на годината, во сите делови на процесот на училиштето, задолжително се води педагошка документација предвидена со законските прописи.
На тој начин ќе се обезбеди користење на фaктографски материјали за проучување на прашањата и проблемите кои се содржани во истите. Најважни се следните документи:
- Годишна програма за работа на училиштето;
- Годишен и полугодишен извештај
- Глобални и оперативни планови за работа на наставниците;
- Класна книга (дневникот за работа);
- Дневници за работа на паралелката ;
- Електронски дневник;
- Записници за работата на стручните органи и органи на управување на училиштето;
- Записници од испитите;
- Ученички книшки;
- Главна книга за учениците;
- Главна книга за државна, училишна матура и завршен испит;
- Книга за дежурство на наставниците;
- Индивидуални планови за работа на секој извршител.
Раководителите на паралелката се грижат за:
– Издавање на ученички книшки, кои мора да му бидат издадени на секој ученик до 20-ти октомври;
– Водење книга за работа на паралелката (дневникот на паралелката) чие глобално оформување треба да заврши до 30-ти септември;
– Главна книга на учениците од паралелката која треба да се оформи до 20-ти декември, во која податоците се внесуваат од изводот на матичната книга на родените и свидетелството за претходно завршена година и одделение;
– Главна книга за државна, училишна матура и завршен испит која треба да се оформи по завршувањето на полагањето на матурските испити;
– Записници од испитите и внесување на оценките во сведителствата и главните книги;
– Записници од одржаните седници на совет на паралелката и од средбите на родителите;
– Записници од одржаните седници на училишниот одбор, советите на родителите;
– Издавање на свидетелства за завршена година и дипломи.
Секретарот на училиштето ги чува главните книги, записниците од сите видови испити, записниците од работата на стручните и управните органи, записниците од завршните испити.