Општествено хуманитарна
работа
Општествено културна дејност се развива со цел да се поттикнат врвни достигнувања во сите сфери на воспитно-образовната дејност и во пригодни моменти истите да се презентираат во општествената средина, со кое ќе се придонесе за поцелосна афирмација на училиштето и развивање на општествениот живот и подигање на општата култура на средината. Општествено културна дејност ќе се реализира во рамките на Училиштето и институциите на Општината.
Задачи на општествено-културната дејност се:
- Училиштето да се афирмира како културен и просветен центар на општествената средина,
- Да им се овозможи на учениците да ги запознаат јавните и културните инсититуции во општествената средина,
- Воспитно-образовните резултати во училиштето да бидат достапни за средината,
- Во текот на годината да бидат одбележани и со историски часови повеќе историски датуми.
Општествено хуманитарните активности кои што ги поддржува Училиштето времето на реализација и задолжените наставници се дадени во прилог на Програмата за општествено хуманитарната работа.