Поттикнување и подготовка за индивидуален развој на учениците и наставниците преку стекнување на знаења и вештини, реализирање на современи наставни програми примена на информатичка технологија и истовремено развивање на меѓусебно разбирање и почитување на сите етнички и културни особености и градење на високи етички стандарди.
Нашата визија е континуирано образование и стручна подготовка на поединците, со помош на современа и кадровски екипирана настава, прилагодена на потребите и интересите на учениците, без разлика на нивната етничка припадност, во топла, хумана и мотивирачка средина.