Историјат
ОСНОВАЊЕ, РАЗВОЈ И ДЕЈНОСТ НА УЧИЛИШТЕТО
Првите почетоци на училиштето се во училишната зграда во ОУ. Гоце Делчев- Ресен на улица Мите Трпевски бр. 42 во централното градско подрачје. Името под кое работеше гимназијата е Стив Наумов. Објектот е изграден од цврст материјал во 1957 година. Тоа е објект составен од приземје и два ката.
Од учебната 1978/79 година Училишниот центар за стручно образование на земјоделски кадри се интегрира со Гимназијата во Ресен, во Центар за средно образование „Јосип Броз Тито” со гимназиски и лозаро-овоштарски паралелки.
Со интеграцијата, која се реализира во 1978 година, училишната зграда, економијата и дел од механизацијата,сопственост на Центарот, беа префрлени како основни средства на „Агроплод”. Новата воспитно-образовна институција училишниот центар „Јосип Броз Тито” доби нови простории – бившата касарна, која за таа цел беше адаптирана за изведување на воспитно-образовниот процес. За изведување на практичната настава, Центарот доби и нова економија околу училишната зграда.
ИМЕТО НА УЧИЛИШТЕТО
Од различни причини училиштето го менува своето име:
– Од 1958-1962 год. „Јосиф Јосифовски Свештарот”- средно образование и земјоделско училиште
– Од 1977 -1992 год. Средно земјоделско училиште се спои со гимназијата под името „Јосип Броз Тито”
– од 1997 cо Статутарна одлука се вршат измени и дополнувања во Статутот на училишниот центар за средно образование „Јосип Броз Тито” – Ресен бр.01-611 од 29.10.1977 година.
Името на Училишниот центар за средно образование „Јосип Броз Тито” се менува и почнувајќи од 01.12.1993 година гласи: Училишен Центар за Средно Образование „Цар Самоил” -Ресен, со што Цар Самоил станува и патрон на училиштето.
Гимназиите отсекогаш имале значајна улога во развојот на една земја, пред сé во подготвувањето на младите генерации во стручни и научни кадри.
Основниот алат на младите луѓе-учениците, се книгите и знаењето. Само со книгите и знаењето се просветлува иднината.
Појдовната основа на секоја образовна институција е вербата во способностите на наставничкиот кадар и сигурноста во остварувањето на целите и задачите.
Воспитувањето и образованието на младите луѓе се императив за секој наставник во училишниот центар „Цар Самоил“- Ресен. Наставникот е жив збор на книгата, а книгата не може да се потроши, како што не може ни духот на наставникот да исчезне. Поучен од минатото, воден од искуствата, наставникот најдобро знае дека посветеноста на работата, остварувањето на активностите според стандардите на современото образование, значат и посветеност на ученикот, максимум внимание и подршка во реализирањето на неговите интереси за школување. Затоа мотото за оваа година под кое ќе се раководи секој наставник, секој ученик е:
„Активната настава-наш избор на метод за работа “.
Секој наставник согласно најновите сознанија за успешноста на методите за работа и нивоата на усвоени знаења ќе реализира настава со активни методи на работа.
Во Средното Општинското Училиште „Цар Самоил“-Ресен воспитно-образовната работа се изведува на македонски јазик и на кирилично писмо, нa турски и албански наставен јазик.