Земјоделско образование
Практичната и професионалната пракса се реализираат во текот на годината со активности за одржување на следниве овошни насади:
- Демонстративен интензивен насад од јаболка на површина од еден хектар;
- Демонстративни овошни насади од круша на површина од 0,4 хектари;
- Демонстративни овошни насади од цреша на површина од 0,4 хектари;
- Класичен насад со јаболка на површина од 1 хектар
- Насад од еден хектар арборетрум – стари автохтони сорти на јаболка.
- Класичен насад со круша 1 хектар
- Добиен и реализиран грант – програма за зајакнување на соработката меѓу училиштата и Бизнис заедницата поддржано од МОН и Светска банка.
Проектот се состои во засадување на 5 хектари со разни сорти овошни насади на цреши при што во насадите е поставен систем капка по капка и целата површина е оградена со бетонски столбови и поцинкована мрежа. Склучено е партнерство со компанијата АГРОМОТО ТРЕЈД од Ресен при што се извршени обуки на 21 наставник и 64 ученици од земјоделско ветеринарната струка.Овој проект е започнат минатата учебна година и сите активности тековно се реализираа и во текот на 2020/21 година .