За Патроните
Цар Самоил (958 - 6 октомври 1014)
Цар Самоил е роден 958 година. Син на комесот (кнезот) Никола и на Рипсимија која најверојатно била од ерменско потекло. Според Јован Скилица, тој и неговите браќа се “синови на еден од најмоќните комити во Бугарија“, Стефан Таронмски пак пишува: “Тие биле од ерменскиот народ и по потекло од провинција Дерџан, а инператорот Васили ги префрлил со наемните војски во Македонија да се борат против Бугарите. Но тие се одделиле од императорот на Грците и преминале на страната на царот на Бугарите“.
Во IX и почетокот на X век територијата на Макдеонија била под власта на Бугарија и Византија. Желбата на македонскиот народ била да создаде своја посебна држава. Условите за кревање на востание за отфрлање на бугарската власт во Макдеонија созреале по смртта на бугарскиот цар Петар, 967 година. Бугарија тогаш морала да води војни со Византија, како и со Киевска Русија. Ваквата состојба била искористена од синовите на кнезот Никола, комитопулите (младите кнезови) Давид, Арон, Мојсеј и Самоил кои во 969 година кренале востание против бугарската власт. Востанието било концентрирано во Југозападна Македонија на територијата на некогашната моќна склавинија Берзитија. Востанието за кратко време се проширило и во другите области, со што била отстранета бугарската влст од поголемиот дел на Македонија, а во Македонија била создадена првата македонска средновековна држава. На нејзино чело застанале четворицата браќа, кои заеднички управувале со државата. Градот Преспа на островот Ахил во Мала Преспа бил престолнина и црковен центар на државата.
За време на владеењето на Самоил (976-1014) макеонската држава го доживеала својот најголем процут. Голем успех за Самоил претставувало освојувањето на Лариса во 975 година, кој бил најголемиот град на Тесалија. Во овој период во границите на Самоиловата држава бил вклучен голем дел од Бугарија и еден дел од Грција, поради тоа византискиот император се обидел да го запре ширењето на Самоиловата држава меѓутоа во битката што се одиграла во 986 година кај Трајанова Врата (денешен Ихтиман кај Софија) Визнтијците претрпеле катастрофален пораз на Василиј II успеал да се спаси со бегство. Неуспешниот поход на Васлилиj II со Самоил покажал дека неговата држава прераснува во моќна Балканска сила, тоа се потврдува со походот што го презел во 987 година за освојување на Дуќља каде што Самоил го заробил кнезот Владимир кој бил испратен во заточеништво во Преспа. Владимир подоцна му станал зет на Самоил бидејќи се оженил со ќерка му Косара и бил вратен да владее во Дуќља како вазал на Самоил. По освојувањето на Дуќља. Чуствувајќи се доволно моќен Самоил ја проширил власта на целата територија на Македонија и во 995 година стигнал до околината на Солун. Самоиловата држава се протегала од Црното море на исток, до Јадранското море на запад, од реките Сава и Дунав на север до Хелада на југ. Македонија била центар на оваа голема држава.
Во 1014 година Византија успеала да обезбеди контрола на поголема територија, па за да ги оневозможи нападите на Византија, Самоил решил да го прегради главниот пат што водел од Цариград до Стумица на местото каде што се доближуваат планините Беласица и Огражден. Преградата била успешно поставена и го изненадила императорот Василиј II кој сакал да се повлече но по совет на неговиот војсководец Никифор Ксифиј ја заобиколил Беласица и од зад грб ги нападнал бранителите. Во тој метеж Самоил одвај успеал да се спаси благодарејќи му на неговиот брз коњ и неговиот син Гаврил Радомир, кој со својата храброст и јунаштво успеал да ги совлада противниците да се пробие до татко му, го качил на коњ и го пренел во Прилеп. Храбриот Гаврило Радомир покажал голема храброст и борбеност и лично со своето копје го прободил Вотанијант војсководачот на Василиј II. Огорчен од ваквата загуба Васлилиј II започнал злосторства низ Струмичко и свирепо им се озмаздил над 15000 Самоилови војници, наредил да им се извадат очите, а на секој стоти му оставил по едно око за да ги води ослепените војници до Преспа. Самоил кога ги видел своите војници како живи трупови стојат пред него паднал во безсознание. Долго го освестувале со вода и билки, му давале мед и шеќер, но за скршеното срце на големиот воин немало лек. Ваквата глетка храбриот цар не можел да ја издржи па по два дена неговото срце престанало да чука. Па на 6-ти октомврки 1014 година Македонскиот цар Самоил умрел од срцев удар. По неговата смрт на царскиот престол дошол неговиот син Гаврило Радомир (1014-1015 година). Според Византиските извори Радомир бил “по силата и снагата појак од татко му, но по паметот и разумот многу послаб“.
Јосип Броз - Тито (1892, Кумровец, 1980 г. Љубљана)
Јосип Броз Тито е творец на нова Југославија по Втората светска војна и нејзин долгогодишен раководител. Од 1941 г. ја организирал и раководел антифашис¬тичката војна на југословенските народи 1941- 1945 год. Бил учесник во октомври-ската рево¬луција во Русија. Во 1920 год. станува член на КПЈ. Како организатор и раководител на НО и на антифашис¬тичката војна во Југославија од првите денови на 1941 г. минал низ неколку борби на југословенското боиште. На 4 јули 1941 г започна НОБ под водство и командување на Тито на сите парти¬занските еди¬ници во Југославија кои потоа прерасну¬ваат во НОВ. Во 1943 г. го раководел Второто заседание на АВНОЈ. кога бил избран за претседател на НКОЈ и бил прогласен за маршал на Југославија. По победата на фашизмот од 1945 г. до неговата смрт 1980 г. бил на чело на државата СФРЈ и ги заземал функциите: претседател на влада, претседател на држава, генерален секетар на КПЈ. Тито секогаш имал позитивен однос кон маке¬донската нација; се заложил Македонија да се консти¬туира како држава во сос¬тавот на ФНРЈ на Второто заседание на АВНОЈ. Повеќепати ја посетил Македонија и ја потенцирал македонската трудољубивост, чесност, култура, фол¬клор, и др. национални вредности.
Стефан Наумов - Стив (Битола, 27 октомври 1920 - 12 септември 1942)
Стефан Наумов – Стив е македонски комунист, учесник во НОВ. Бил прогласен за народен херој на Југославија на 29 јули 1945 година, како еден од првите борци од Македонија кои го добиле тоа одликување (заедно со Мирче Ацев, Орце Николов, Страшо Пинџур, Христијан Тодоровски-Карпош и Кузман Јосифовски-Питу). Стив Наумов потекнува од печалбарско семејство.
Учењето е негова љубов и го претставува како: индивидуално уживање што го збогатувало духовно во секој однос: морална обврска кон родителите другите домашни и средство да ја постигне целта – да стане инженер, творец на нови технички средства за доброто на татковината и човештвото воопшто. На 22 годишна воздраст завршува прекраткиот живот на овој млад и бестрашен борец, но го завршува достојно како млад револуционер со чесност и бескомпромисност.
„Херојот загина за да живее вечно со слободата на татковината, во срцето на народот, во душата на младите поколенија“.
Јосиф Јосифовски - Свештарот ( 2 август 1915 , 6 октомври 1943)
Јосиф Јосифовски – Свештарот е македонски комунист, учесник во НОБ и народен херој.
Јосиф Јосифовски е роден во Гевгелија на 2 август 1915 година, во сиромашно семејство. Како стипендист се школувал во Крагуевац, Шумадија, а потоа студиите ги продолжил на правниот факултет во Белград. Учествувал во сите демонстрации, протести и акции во Белград што ги организирале студентите, поради што бил апсен. Станал член на КПЈ во 1938 година. По завршување на студиите, не можејќи да најде работа во родниот град, Јосиф Јосифовски заминал во Струмица во 1940 година, каде се вработил како адвокатски приправник. Неколку месеци по окупацијата, во септември 1941 година бил испратен во Ресенската околија како инструктор на ПК на КПЈ за Македонија. Загинал на 6 октомври 1943 година кај селото Кленоец, Кичевско, во борба против балистичките банди и германските сили, штитејќи ја слободната територија во Западна Македонија. Заедно со него во оваа борба загинaле повеќе од 70 партизани. За народен херој бил прогласен на 11 октомври 1951 година.