СОУ „Цар Самоил“ – Ресен

Воннаставни активности

  Ова подрачје од дејноста на Училиштето има мошне широка содржина како и форми и патишта за вклучување на учениците од прва до четврта година. Самата организација на воннаставните активности има суштинско значење во воспитно-образовната дејност на Училиштето.

  Воннаставните активности ги опфаќаат:

  • Училишен спорт
  • Слободните ученички активности;
  • Екскурзиите;
  • Општествено корисна работа;
  • Заштита и унапредување на здравјето на учениците и култура на живеењето;
  • Општествено културна дејност;
  • Следење и унапредување на воспитно-образовната работа и општествена дејност.

  Оваа област опфаќа активности преку кои учениците имаат можност да го развијат спортскиот афинитет кон некои дисциплини. Во ова подрачје имаме помош и од локалната средина кога е во прашање  превоз на ученици, кога е во прашање државен натпревар или афирмација на училиштето надвор од општината.

  Обврски на наставниците реализатори се:

  • Планирање, програмирање и реализирање на програмите
  • Учество на учениците на општинските, регионалните и државните натпревари
  • Учество во одбележување на разни датуми од интерес на училиштето и локалната средина
  • Учество во медиуми

  Во нашето училиште функционира  Училишно друштво за спорт кое ги опфаќа следниве области за кои се задолжени одговорни професори: Карапалевски Методи, Митревски Митко и Георгиевски Јорданчо.

  • Фудбал
  • Аеробик
  • Кошарка
  • Ракомет
  • Планинарење
  • Шах
  • Атлетика
  • Скијање
  • Џудо
  • Пинг – понг

  Конкретни месечни распределенија за активностите се дадени во програмата за работа на Стручниот актив за Спорт и спортски активности.

  Се планираат како слободни активности за проширување на знаењата по одделни предмети, слободни културно-уметнички активности, работно производствени активности и слободно спортски активности. Значењето и целта на застапеноста е поттикнување на креативниот дух на учениците според нивните способности, културно издигнување на личноста како и презентирање на нивните успеси и афирмација на училиштето.

  Структурата на слободните ученички активности опфаќа повеќе воспитно-образовни подрачја, а во зависност од содржините и начинот на реализирање се врши групирање на активностите.

  Подрачјето Слободни  културно- уметнички активности  опфаќа секции преку кои учениците можат да го развијат својот уметничко креативен дух преку убавиот пишан збор, сликањето, песната, драмата, новинарството и слично.

  Содржински истите се формираат на ниво на училиште и покриваат одредена област или се организираат како слободно културно-уметнички содржини. Истите имаат за цел да ги прошируваат и продлабочуваат знаењата и способностите стекнати низ редовната настава. Во текот на учебната 2021/22 година ќе се организираат следниве слободни активности:

Ред. Бр

Назив на секцијата

Број на групи

Наставници кои ќе работат со секциите- групите

1

Новинарска

1

Стефановска Лика и Стерјовска Даниела

2

Драмска

1

Кочевска  Динче

3

Рецитаторска

1

Стојановска  Марина

4

Еколошка

1

Симоновска Сузи

5

Историска

1

Тански Зоран

Мале Ставри

6

Младина на Црвен Крст

1

Нечовска Наташа (замена)

7

Музичка

1

Јосифовска Марија

8

Ликовна

1

Далиповски Шенер

9

Училишно друштво за спорт (Ракомет, Фудбал,Аеробик,

Кошарка, Планинарска,Велосипедизам, Пинг-понг, Шах)

5

Карапалевски Методи

Митревски Митко 

Георгиевски Јорданчо

  

 

 

  Програмите за работа на овие активности ќе ги изработат одговорните наставници а ќе ги усвојат стручните активи. Во сите организирани форми учениците ќе бидат вклучени просечно 1 час седмично и за сите активности одговорните наставници ќе водат посебен дневник за работа.